Customer relationship management или (CRM) се методи кои компаниите ги користат за да комуницираат со своите клиенти. Овие методи вклучуваат обука на вработените и CRM софтвер. Се дава посебен акцент на повици од клиенти и емаил-ови на клиенти, но информациите собрани од CRM софтверот може да се користат за промоции, анкети или било кој начин да се дознае задоволството на клиентите.
Кој користи CRM? Речиси сите!
✓ Извршни директори или директори на продажба користат CRM бидејќи сакаат да знаат што прават продавачите и колку се успешни нивните напори.
✓ Административен помошмок користи CRM за да ги автоматизира секојневните задачи и да има распоред на различни активности.
✓ Продавач користи CRM за да се осигура дека ги следи сите зададени планови.
✓ Презентери користат CRM за да се осигураат дека сите клиенти се среќни клиенти.
✓ ИT оддел користи CRM за да си помогне при приоризирање - и решавање- било какви компјутерски ориентирани проблеми кои можат да се јават кај вработените.
✓ Техничка поддршка користи CRM да ги прати и да биде во тек со проблемите на клиентите.
✓ Маркетинг одделот користи CRM за да испраќа е-маил пораки и маркетинг кампањи - и да го оцени успехот на кампањите
Кои типови на индустрии користат CRM? Секој тип!
✓ Производители кои сакаат да ги организираат проблемите кои се јавуваат кај нивните клиенти, и да имаат увид на дефекти на продуките.
✓Финаниски планери кои сакаат да следат детални информации за секој од нивните клиенти
✓Бизниси во било која индустрија кои бараат софтвер кој ќе го автоматизира нивниот бизнис и ќе ги направи попродуктивни за помалку време.
✓Големи бизниси кои сакаат да ја подобрат комуникацијата помеѓу вработените, да ги следат нивните потенцијални клиенти, да ги чуваат своите клиенти среќни.
✓ Мали бизниси кои се наслонуваат на мал број на вработени кои треба да исполната повеќе задачи.
За повеќе информации ве молиме контактирајте не тука